Симболично, во герила акција пред елката на плоштадот во центарот на Скопје оставен беше “златниот прибор” на премиерот Зоран Заев.
Ваквата герила акција следи откако со брзина на светлината преку социјалните мрежи се прошири фотографија од бадниковата трпеза на прeмиерот Заев, на која што јасно се гледа златниот прибор со кој што се храни семејството на премиерот.
Реакциите и тогаш беа бројни, а некои од нив гласеа “додека народот трпи за леб, Заеви се хранат со златен прибор”.