Герасим е првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп, се роди 2 часа по полноќ на одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница „Борка Талески“.
Мајката и бебето утрово беа посетени од градоначалникот на општината, од каде традиционално беа доделени пригодни подароци и штедна книшка.
Бебето и мајката се во одлична здравствена состојба, велат од гинеколошко акушерското одделение при ОБ “Борка Талески“ Прилеп, кои исто така, заедно со опшествено одговорната компнија Автоконтрол и подарија на мајката пригодни подароци.
Во првиот ден од Новата година, во прилепската болница се родиле уште две бебиња, едно машко и едно девојче

























