Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо деновиве е попопуларен од било кога, затоа што минатата недела премиерно беше прикажан филмот за него.
Тој во склоп на премиерата на филмот гостуваше во многу емисии, а во една од нив доби и незгодно прашање – што би рекол доколку неговиот син на раката го „истетовира“ Меси?
Португалецот, мудро одговори дека „нема да има никаков проблем“.
-Не би имал ништо против. Тоа би значело дека мојот син е паметен и дека знае да ги препознае добрите играчи, одговори Роналдо.