„Генеза на хроничната мистерија“ е мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески, што ќе се реализира на 23 јули 2024 година/вторник/ од 20.00 ч. во сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“.
За проектот
Се работи за мултимедијален триптих што е алегорија за губењето на идентитетот.
-Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба. Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет. Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.
Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:
Три архаични форми, ликовни метафори:
Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;
Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;
Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување вели авторот Емил Солески.