Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има свои желби кога се во прашање трансферите, а смета дека е потребно да се доведат дури 8 нови играчи, кои веднаш би ги ставил во стартните 11, пренесува Mirror.
На многумина ова им звучи неверојатно, сигурно би помислиле дека нема шанси да се дојде до резултати со неуиграна постава и тоа веќе во првата сезона.
Сепак, Mirror пишува дека Гвардиола ќе добие 200 милиони фунти за засилувања, а единствените кои остануваат во стартната постава се: Агуеро, Фернандињо и Де Брујн, на кои би можело да им се придружи уште и Компани, само доколку е потполно здрав.
Од друга страна Ѓундоган е веќе сигурен нов “граѓанин” наредната сезона, се споменуваат уште неколку играчи, дури и останување на Јаја Туре, што е веќе се поизвесно.
Џон Стоунс е уште една мета, можно е да има и некој од Баерн Минхен. Покрај сите, се споменува и Шиме Вршајко.
За сега нема ништо конкретно, но се верува дека Сити ќе донесе голем број на играчи летово.
А.Г.