Гастрономските креации на прилепчанецот Влатко Алексоски го освоија златниот медал во Истанбул (ФОТО)

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Интернационалниот Гастрономски Фестивал во Истамбул е настан во организација на Федерацијата на готвачи од Турција кој оваа година се одржа по 16-ти пат од 22 до 25 февруари во Тујап Конвенцискиот центар.

Фестивалот е наменет да ја доближи турската со светската кујна и да ги собере различните светски вкусови на едно место во Истамбул.

Овој настан е доста успешен во изминатите години и секоја година побудува огромен интерес кај познатите светски готвачи.

На фестивалот настапи и добро познатиот аранжер и готвач од Прилеп, Влатко Алексоски, кој во категоријата “резба” го освои златниот медал.

Креациите на Влатко се добро познати не само во Прилеп, туку и ширум Македонија, како и на повеќето натпревари на кои учествувал.

Неговите креации се вистинско совршенство кое плени сечиј поглед.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.