“Гаспром” потврди: Го запревме гacoт за Финска

Руски „Гаспром“ го потврди целосното прекинување на испораките на гас за Финска од денеска, поради одбивањето да го плати гасот во рубли.

До крајот на работниот ден на 20 мај, „Газпром експорт“ не добил исплата за испорака на гас во април од финскиот Гасум, согласно указот на претседателот на Руската Федерација, се наведува во соопштението , пренесува весникот Известија.

Се додава дека во 2021 година Гаспром Експорт испорача 1,49 милијарди кубни метри гас на финската компанија Гасум, што претставува две третини од вкупната потрошувачка на гас во Финска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.