Како шопинг денстинација за престојниот викенд ви го нудиме шопинг центарот Стибера во Прилеп. Сместен на излезот од Прилеп кон Македонски Брод, Стибера е местото каде можете да најдете се за сечиј вкус.
[Best_Wordpress_Gallery id=”170″ gal_title=”Стибера”]
За одличен шопинг во престојниот викенд ви го препорачуваме токму овој маркет за да ги задоволите сите ваши потреби.
Шопинг центарот Стибера се состои од два ката, од кои првиот изобилува со огромен асортиман на производи за домашна потрошувачка. Вториот кат е наречен home centar и нуди секакви производи за домаќинството, порцеланска програма, пластика, детски играчки и што ли уште не.
Она што ќе ве остави без збор е аптекарската подреденост на производите, љубезниот персонал и одлично уредениот ентериер на објектот, карактеристики кои со сигурност ќе ве натераат да уживате додека купувате.
Маркетот Стибера е вистинска реткост во целиот регион, а ниските дисконтни цени и дел од производите кои можат да се најдат само на ова место, го прават примамлива број еден дестинација за пазарење.
Центарот Стибера располага со голем паркинг простор, како и детско катче, што дополнително ќе ве растовари слободно да купувате.
Ние останавме без зборови, а вие?!