Kупишта ѓубре на различни локации се редовна слика во Прилеп. Последните доаѓаат на само неколку метри од центарот на градот.
Оваа слика е редовна за граѓаните кои живеат позади зградите на булеварот “Гоце Делчев”, од каде редовно стугнуваат реакции до нас.
“Најразличен отпад шири непријатна миризба секој ден. Ова не е здраво за никој од нас, ниту за нашите деца. Се собираат кучиња скитници, мачки и глодари”, вели еден од локалните жители.
Пред само една година Прилеп беше пример за чистота во целата држава, а ваквите слики речиси и да ги немаше.