Турската ТВ серија “Се викав Мелек” го побуди интересот кај голем дел од популацијата кај нас во Македонија. Секоја вечер со нетрпение се чека секоја нова епизода од оваа серија, а едни од највпечатливите ликови во серијата се малата Мелек и нејзиниот очув Џенгис.
И додека во филмот Џенгис ја малтретира, тепа и се изживува врз убавото девојче, во приватниот живот тие двајцата се големи пријатели.
Осумгодишната Берен Гоќулдиз и 30-годишниот Атеш Беркај на социјалните мрежи објавија дел од својата дружба во приватноста, а на фотографиите се гледа дека тие се вистински пријатели.