Легендарниот лик на Кралот Марко, кој историски нераскинливо е поврзан со Прилеп, по јубилеен десети пат е инспирација за организирање на културната манифестација „Денови на Крали Марко”.
Во негова чест на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ точно пред споменикот на истоимениот јунак, се одржаа повеќе културни настани како ликовно творење, литературно читање, историски час посветени на ликот и делото на овој легендарен јунак, а интерпретирани од учениците од основните училишта. Настанот беше збогатен и со настапот на КУД „Моминок“.
[Best_Wordpress_Gallery id=”254″ gal_title=”DenovinaKraliMarko”]
Градоначалникот Ристески посочи дека преку оваа манифестацијата се одбележува веќе 10-та година во градот, а целта е промовирање на Прилеп како град каде што живеел овој легендарен крал.
Манифестација „Денови на Крали Марко” вечерва ќе заврши со годишниот концерт на учениците од ООУМ „Ордан Михалјовски – Оцка“.