[Best_Wordpress_Gallery id=”188″ gal_title=”Vestezena”]
Градоначалникот Марјан Ристески ја посети манифестацијата „Вешта жена“ на која своите способности во поглед на кулинарството ги изнесоа голем број прилепски домаќинки. Одлично поставени маси со традиционални и модерни јадења, типични за Прилеп и Македонија, а повеќето изработени со карактеристики од природата и симболите на прилепското поднебје. Манифестацијата се стреми кон привлекување на млади домаќинки, се со цел задржување и пренесување на традицијата и кулинарските способности.