ГАЛЕРИЈА: Во Прилеп се одржа вистински фајтерски спектакл. „Прилеп фајт најт“ понуди огромно возбудување

DSCN7307 Markukule.mk

Вистински фајтерски спектакл се одвиваше вечерва во Прилеп. ,,Прилеп фајт најт” понуди уживање за љубителите на боксот. Во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”, се одржа професионален бокс меч меѓу Даниел Мендес од Англија и Гркот Карилаос Малихуидис. Прекрасно беше доживувањето, а адреналинот беше на високо ниво кај сите посетители, што после подолго време имаа ваква прилика да проследат еден ваков настан на професионално ниво.

[Best_Wordpress_Gallery id=”141″ gal_title=”Прилепфајтнајт”]

Настанот беше во организација на Про бокс Македонија, Боксерскиот клуб АС и Кик бокс клубот Шампион од Прилеп, а под надзор на Европската боксерска унија и Светската кик бокс федерација.

Благодарение на неколку ентузијасти и големи вљубеници во боречките вештини, Прилепчани имаа прекрасна можност да уживаат во вештините на врвни професионалци, како од државата, така од регионот, европа, па и светот.

Покрај бокс средби се одржаа и неколку кик бокс мечеви
Мартин Алексоски и Александар Арсовски имаа бокс меч во пионерска конкуренција, додека во сениорска конкуренција се сретнаа Ице Трајкоски и Александар Петров. Во кик бокс (лајт контакт) имаше три борби и тоа: Бојан Станојоски- Божидар Димитријевиќ, Енвер Салиески – Христијан Митрески и Трајче Илиески – Давид Велкоски и во лоу кик сениори Коста Боцкаровски се бореше против Кире Ралески.

На крајот од овој спектакл следеше и шлагот на вечерта, профи бокс мечот помеѓу Даниел Мендес од Англија и гркот Карилаос Малихуидис, борба што со сигурност ќе се памети.

Се на се ова беше уште една од ретките можности што прилепската, па и македонската публика, односно љубителите на поагресивните спортови и адреналинот, можеја да го проследат настанот кој долго ќе остане во паметење и за кој многу ќе се говори. Тимот на Маркукуле.мк беше таму за да ви ја долови армосферата и да го доближи до вас овој спектакуларен настан.

DSCN7278 Markukule.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.