За прв пат оваа година градот под Марковите кули беше домаќин на Македонски иселенички фестивал, на кој настапија голем број на музички имиња од Европските земји и Австралија.
Организаторот и уметничкиот директор Орце Ристевски вели дека ова е негова идеја, стара 45 години и дека конечно го реализира фестивалот за македонски иселеници.
Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека со овој фестивал се негуваат корените на сите иселеници не само од градот туку и од земјава. Организаторите најавија, овој нов музички фестивал во Македонија ќе стане наша тредиција.
[Best_Wordpress_Gallery id=”313″ gal_title=”ИселеницкиФестивал”]