Викендов во Прилеп се одржа спортски натпревар во боречки вештини ” КРАЛ МАРКО ОПЕН“ . На натпреварот учествуваа 30 натпреварувачи од градовите : Прилеп, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Готивар, Куманово и од Кралјево (Р.Србија). Натпреварот имаше пред се за цел стекнување нови искуства за натреварувачите, тренерите, судиите и клубовите. Натпреварот беше одлично организиран и се одвиваше во опуштена и спортска атмосфера. Натпреварувачите беа добро подготвени и прикажаа одлични и фер борби. Од ЦБВ ”МАКСАМ ФАЈТ” – Прилеп учествуваа во главниот дел на натпреврот 5 натпреварувачи, кои освоија три победи и два порази. Победи освоија Стефан Сталески – категорија до 62 килограми, Христијан Тасески во категорија до 66 килограми и Мартин Трајкоски во категорија до 100 килограми. Поразени беа Игор Велски во категорија до 71 килограм и Филип Јовановски – категорија до 83 килограми.
[Best_Wordpress_Gallery id=”291″ gal_title=”KralMarkoOpen2016″]
Натпреварот беше поделен на ревијлен дел со учесници без искуство, воведен дел за лица под 18 години и главен дел за лица над 18 години о претходно искусвтво во микс боречките вештини. Најдобар борец на турнирот според одлука на судиите и тренерите е избран натпреварувачот од ”Д’ Стонгест ММА Тим” од Скопје – Стефан Пецевски. Натпреварот беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Прилеп – Марјан Ристески, кој се обрати на присутните, ја поздрави публиката и им посака успех на сите наптреварувачи.