Општинската организација на Црвениот крст во соработка со локалната самоуправа денеска, им доделија благодарници на прилепските крводарители, кои дарувале 50 пати, 25 пати и 10 пати крв.
[Best_Wordpress_Gallery id=”187″ gal_title=”PrilemKrvodariteli”]
„Крвта е драгоцена течност која не може да се произведи . Благодарение на доброволното дарување и хуманиот гест на овие луѓе, спасени се многу човечки животи. Се надеваме дека прилепчани ќе продолжат со дарувањето крв и ќе се повикуваат на сите акции кои ги организира Црвениот Крст на Р.Македонија „ истакна градоначалникот Марјан Ристески, кој притоа на сите крводарители им честитај Денот на крводарителството, 17-ти Март.
Минатата година преку акциите во организација на Општинската организацијата на Црвениот крст биле собрани над 2.373 единци од оваа скапоцена течност, крвта, што е приближно еднакво колку и минатата година.