Како што најавија од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, така и се случи. Новите автобуси на метан кои ЈП за ПУП и Општина Прилеп ги набавија денеска фотографирани како полнат гориво на бензиска пумпа во Битола.
Четирите автобуси чија набавка чини 1 милион евра, во саботата ги промовираше премиерот Зоран Заев, а од опозицијата побараа одговори за низа наводни нерегуларности при набавката и тендерската постапка.
Со оглед на тоа дека во Прилеп нема метан станица, автобусите ќе полнат гориво дури во Битола, што според директорката на ЈП за ПУП не е ништо спорно, бидејќи како што посочи на прес конференција тоа е во согласност со распишаната јавна набавка.
Граѓаните се интересираат и за тоа колкав дополнителен трошок ќе предизвика набавката на овие автобуси со оглед на тоа што редовно ќе одат до Битола за да полнат гориво.
Фотографиите утрово ни ги испрати читател на нашиот портал.