Градоначалникот Марјан Ристески денеска оствари средба со претседателката, победничката и останатите членови на организацијата „Вешта жена“ од Прилеп. Габриела Стевановска го освои второто место за 2016 година на настанот „Вешта жена“ кој оваа година се оддржа на комплексот кај манастирот во Лешок. Габриела го изрази своето задоволство за освоените награди и посочи дека кулинарските вештини и декорации и претставуваат големо задоволство. Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави организацијата која своите способности во поглед на кулинарството ги изнесува секогаш преку традиционални и модерни јадења, типични за Прилеп и Македонија. Тортата со која победи Стевановска носи наслов: „Итар Пејо на Пиво – фест“.
Оваа година манифестацјата „Вешта жена“ го одбележа своето 25 годишно постоење.
[Best_Wordpress_Gallery id=”248″ gal_title=”PriemnaVestaZena”]