Градоначналникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, со потекло од Струмица, родното место на Зоран Заев, а сега со место на живеење во Кратово на својот Фејсбук профил сподели објава од Спирдон Спирдонов, кој инаку е близок соработник на вицепремиерот на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, на која што пишува дека во Кратово ќе се подигаат споменици на бугарски фашистички окупатори – војници кои загинале во 1944 година во Страцинско-кумановска операција.
Инаку, во Страцин има најмногу загинати војници кои што се бореле против бугарската окупација, односно против фашизмот.
Имено, овој договор е уште од март месец, како што може да се види по датумот на објавата на Спирдонов, а сега се афирмира со поддршка на Зоран Заев, што буквално би значело бугаризација на Македонија.