На 03.03.2023 во 03.25 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека настанал пожар на товарно возило „фолксваген кеди” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и паркирано во кругот на фирмата.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.