Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за телевизијата „Хепи“ рекол дека не постои ниту едно решение за Косово и Метохија ако истото не биде прифатено од мнозинството Срби, пренесува агенцијата Танјуг.
Тој додал дека во моментов не се разговара за никакво решение, затоа што нема ни разговори меѓу Белград и Приштина.
Тоа го кажав стотина пати. Нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието сепак гласате ‘за’. Мислам дека е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој тоа е изведено, јас никогаш не би го направил, рекол Вучиќ за „Хепи“.
Тој додал дека кога референдумот нема да успее, може само да се констатира дека референдумот не успеал и демократски тоа да ѝ се соопшти на јавноста.
Ако во Србија постои каков било референдум, да добиевме 49 отсто, а другата страна 54 отсто, мое е да поднесам оставка и да кажам дека референдумот во согласност со Уставот и законите не успеал, граѓаните се одлучиле за друга опција, рекол Вучиќ.