Вучиќ: “Нема да бидам повеќе претседател- се надевам дека ќе најдат подобар кандидат од мене”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ госуваше во специјалната емисија “Кирилица” на “Happy”телевизија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во емисијата “Кирилица” рече дека нема да се кандидира на следните претседателски избори.

– За една година ќе бидат изборите, овие од опозицијата можат слободно да се кандидираат да ја водат државата. Јас не сум сигурен дека ќе се кандидирам, се надевам дека ќе најдат подобар кандидат од мене, рече Вучиќ.

– Почекав да заврши протестот за да дојдам. Некои повикаа на голем собир против мене како претседател поради мерките кои ги воведивме, како да не го штитевме здравјето на луѓето. Секогаш им се радувам на демонстрациите и протестите, бидејќи низ нив ќе пронајдете што луѓето гледаат дека не сте направиле добро и што треба да поправите, а негокаш не ја разбирате смислата на сето тоа.

Единствено ме загрижи што не ги почитуваат лекарите. Во демократија ги има оние кои се спртиствауваат на оној кој владее, но ова не е одговорно. Ги кршите препораките на лекарите. Овде сме сами во студиото, ги почитуваме мерките, рече Вучиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.