Денеска во просториите на Локалната самоуправа беше презентиран Вториот јавен оглас за самовработување, каде беа повикани сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа и кои сакаат да го решат своето вработување со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување, да се пријават во работните клубови на Бирото за вработување во Прилеп каде редовно се евидентираат како невработени лица. Заинтересираните невработени лица пријави можат да поднесат најдоцна до 30.04. 2016 година, а за подетални информации можат да ги посетат и web страните: www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk.