Екипата на РК Прилеп синоќа во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” го совлада Младост од Богданци со 41:32 (14:11 на полувреме).
Одличната игра и големиот процент на реализација го решија овој натпревар во корист на домаќинот.
Во домашната екипа синоќа се истакнаа Давор Шокоски со 7 и Андоновски Даниел со 8 погодоци. Одлични повторно беа Грузијците, ветеранот Чантурија со 4 погодоци, Рустамов Казеин со 5 и Гавашелишвил Мириани со 3 погодоци.
Исто така во екипата на РК Прилеп се истакна и Кристи Бикоски кој постигна 5 погодоци.
Наредниот натпревар екипата на Прилеп го игра на гостински терен во Кавадарци против екипата на Тиквеш која денес забележа победа над Еурофарм Пелистер 2.