Втор дел од акцијата “Заедно средуваме – заедно уредуваме” во Битола

Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе
организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти март. Истата акција, која еднаш веќе беше спроведена во месец февруари, ќе продолжи и во месец април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:

Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,

Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за
справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.