Вардар одново е на врвот од Европа, откако го совлада Веспрем во финалето на Лигата на шампиони со резултат 27:24.
Црвено-црните во три години по втор пат ја освојуваат шампионската круна, до која стигнаа благодарение на борбената игра, мотивот и дисциплината.
Тимур Дибиров во финалето постигна 3 погодоци, кој од кој поубав. Сепак, од ЕХФ го издвоија погодокот во десеттата минута од натпреварот кога Дибиров упати една вртелешка кон голот на Веспрем и донесе водство од 6:4 за Вардар.