Вриеше како во кошница! Учениците и наставниците од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп организираа голем предвелигденски панаѓур (ФОТО)

ООУ “Кочо Рацин” Прилеп денеска организираше голем предвелигденски панаѓур. На шеталиштето пред училиштето беа поставени тезги на кои се продаваа изработки од вредните раце на учениците и нивните наставници.

Панаѓурот предизвика огромен интерес кај прилепчани, кои ја искористија можноста да си купат по некој украс и да го наградат трудот на учениците.

Настанот го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој порача:

-Денес го посетивме предвелигденскиот панаѓур каде што ја видовме креативноста, идеите и прекрасните производи сработени од вредните раце на учениците на ООУ „Кочо Рацин“. Она што навистина ме радува е оваа денешна преубава глетка во центарот на градот, многу насмеани лица, одлични изработки и прекрасна празнична атмосфера!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.