Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
Ова е временската за цел месец. Според Accuweather, времето ќе биде сончево и топло, со само неколку дена дожд.