Како што пишува метеоролошката страница Акуведер, врелиот бран кој во последните недела дена ја зафати Европа, од Шпанија до Скандинавија, станува се поинтензивен.
Центарот на топлотниот удар се наоѓа на западот од Франција, односно на истокот од Германија.
Сите кои живеат во тоа подрачје се изложени на ризик од појава на тегоби, поврзани со екстремно високите температури, а особено постарите лица и децата.
Температурите ќе се искачат преку 32 степени во Шпанија, Холандија и Белгија, а највисока температура од 35 степени и повеќе ќе има во Париз, Брисел и Келн.
Посебно интересно е тоа што високи температури го зафатија и крајниот север и запад на Европа, па така на југот од Шведска, температурата достигна 32 степени целзиусови.
Периодот на жешко време во Шведска им ја отежнува борбата со пожарите на пожарникарите, кои веќе со недели се борат со огнената стихија. Локалните портали известуваат дека активни се околу 50 пожари.
Невообичаено високи температури има и во Германија, а поради жештината се деформирала бетонската писта во Хановер, каде е затворен аеродромот. Запрено е полетувањето на 41 авион, а 44 морале да слетаат на некои други аеродроми.
ВО петок во Германија се очекува рекордна температура од 38 степени. Метеоролозите порачуваат граѓаните да се припремат за навистина жешко лето во наредните денови.