Со голема гордост ја споделуваме нашата донација – електрокаутер за максилофацијалниот оддел во JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп – „Борка Талески“! Оваа опрема ќе има значајна улога во грижата за пациентите, овозможувајќи му на посветениот медицински тим да извршува хируршки интервенции со поголема безбедност и прецизност. Со донацијата, се стремиме кон подобри здравствени резултати и светла иднина за оние кои имаат потреба од специјализирана хируршка нега – информираат од прилепската компанија “Микросам”.
-Честитки до целиот тим предводен од д-р Кире Јоноски, директорот на болницата и д-р Катерина Алавантиоска, раководител на Одделението за максилофацијална хирургија и Одделението за оториноларингологија. Во Микросам, посветени сме на нашата заедница и со чест ја поддржуваме исклучителната работа на професионалците кои секојдневно прават разлика. Заедно, можеме да ја направиме здравствената заштита подостапна и повлијателна за сите – напишаа на социјалните мрежи од компанијата.