Вработен во „Македонски пошти“ украл над 50.000 евра

Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства.

Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.