Војна на европско ниво! Унгарија бара ЕУ да не им дава пари на невладините организации кои го поткопуваат суверенитетот на државите

Луксембург: Унгарија на состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург го повика Брисел да престане со финансирање на невладините организации кои го поткопуваат суверенитетот на земјите како што се Израел и Египет или државите кои допринесуваат за илегална миграција.

Таквиот повик на вчерашниот состанок не е изнанадувачки со оглед на тоа дека оваа држава и на внатрешен план е “во војна” со Џорџ Сорос и невладините организации кои им помагаат на мигрантите.

Така наречениот “Стоп Сорор” Закон, предвидува затворски казни за оние кои редовно обезбедуваат средства за таквите организации.

Овој потег на Унгарија укажува и на добрите односи помеѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан, израелскиот Бенјамин Нетанјаху и египетскиот Абдел Фатах Ел-Сиси, кои исто така се обидуваат да се пресметаат со невладините организации кои ја критикуваат актуелната политика на овие држави.

Неодамнешната посета на Нетанјаху во Будимпешта откри дека тој ќе и упати на Европската Унија слична порака, пишува “Еуроактив”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.