Од денеска улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија, одржа и свечена академија на која се говореше за ликот на имамот – објави “Експрес.мк”
На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа Атаулах Куртиши присуствуваше и лидерот на „огнената група“ на ДУИ Изет Меџити, како и други негови сопартијци.
Новите имиња на улици Општината Чаир ги базира на одлука на Град Скопје од 2021 година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.