Вонредно предупредување за Македонија: Следува невреме со дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната темпУратура од 24 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 22, а дневната температура до 33 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има во четврток и петок. За време не викендот се очекува постабилно и се потопло време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.