Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.
Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Од УХМР посочуваат дека до утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Наредните денови времето ќе биде претежно сончево, а од петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.