Вонредна вест: Средношколците од Струмица почнуваат со бојкот на политиките на Заев и Царовска

Струмичките средношколци од денес почнуваат со бојкот.

Наредните работни денови нема да бидат присутни на онлајн предавањата.

Главната причина е воведувањето на е-учебници од септември. Како што велат, тие сакат новата учебна година да ја започнат во училишните клупи и бараат надлежните да преземаат некои мерки, објавува Струмица Денес.

Тие се поддржани од страна на нивните родители и професори, а бојкот веќе има и во други градови во државата.

Средношколците се надеваат дека ќе бидат поддржани и од другите средни училишта во земјава, со цел сè да се врати во нормала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.