Неофицијално Маркукуле дознава дека Тутунскиот Комбинат Прилеп од 31 мај ќе има нов Генерален директор.
Со комбинатот од 2018 година раководи Кире Станкоски, кој според новите најави ќе биде сменет од позицијата Генерален директор после 31 мај.
За ново кадровско решение наводно веќе се разговарало и во Владата, и според засега непотврдена информација на местото на Станкоски ќе дојде претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.
Инаку, Комбинатот годинава одбележува 150 години постоење. Формиран 1873 година кога бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп од страна на Отоманската управа на монополот, Комбинатотдоживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.
ТКП од фoрмирањето се занимавалисклучиво со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“ и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегол во бизнисот со производство на цигари.
Потенцијалот на ТКП беше препознат од светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ) со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) и претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети. Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството.