Две експлозии утрово одекнаа на крстосница во центарот на турската престолнина Анкара, предизвикувајќи огромна штета и човечки жртви, јави турската агенција Доган.
Засега не е познат точниот број на жртвите, ниту обемот на причинетата штета, како ни ивршителот на злосторничкиот чин.
Едната експлозија се случила во близина на градскиот железнички терминал, јави РТ, повикувајќи се на локални медиуми.
Фотографиите што кружат по друштвените мрежи прикажуваат многу крвави тела што лежат по улиците.
Си-Ен-Ен Турк јави дека екслозиите се случиле непосредно пред почетокот на планираниот „мировен“ марш кој имал за цел да искаже протест против конфликтот помеѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.
Маршот имал за цел да искаже протест против конфликтот меѓу државата и курдските милиции, пренесува Индипендент.