Турист кој ја посетил зоолошката градина во Нингбо во источна Кина, се качил на оградата на живеалиштето на тигрите, а за жал тој ризичен потег скапо го платил.
Тој паднал кај тигрите, а скоро еден час вработените не можеле да го извлечат од канџите на крволочните ѕверки.
Она што е уште по вознемирувачко е фактот дека неговата смрт ја гледале неколку членови на неговото семејство, како и другите посетители, од кои еден и ја снимил несреќата.
На крај за да извлечат неговото тело морало да биде убиен еден од тигрите, а целата зоолошка градина била евакуирана.