Додека мажот беспомошно лежел на земјата и едвај имал сила за стенкање од болка, репортерката пред глава му ставила микрофон и го испрашувала дали го видел камионот и дали сака да се префрли во болница. Се работи за новинарка од Ел Салвадор.
После третото прашање, несреќниот маж очигледно не можел повеќе да одговара, туку бил способен само да испушти крик од болка, а само неколку минути откако се изгасиле камерите, несреќникот наводно починал поради тешките повреди, пишува „Daily Mail”.