Момче од Колумбија очиглено многу гледал романтични филмови, па мислел дека тоа сценарио ќе успее и во реален живот.
Тој со мотор бркал автомобил на кој се возела неговата поранешна девојка која баш тој ден правела свадба.
Откако го застана автомобилот, со кацига на глава ја молеше да не се мажи, па во еден момент клекна на колена.
Се обиде да ја бакне, но таа нежно го бутна.
Случајните минувачи мислеле дек ќе заврши со среќен крај, но сепак после некое време тој си седнал на моторот, а девојката си продолжила по својот пат.
Снимката е објавена на Интернет, а многумина прокоментираа дека тој си имал шанса, и сега треба да ја остави на мира.