“ВОЗДУШНИ БОМБИ”: Нова теорија за Бермудскиот триаголник (ВИДЕО)

brod-bermudski-trougao-oluja-tornado-more-uragan-600x339

За мистериозното исчезнување на 75 авиони, стотина бродови и повеќе од 1.000 луѓе во Бермудскиот триаголник во последниве 100 години, не се криви вонземјаните туку моќните невремиња кои се пропратени со “воздушни бомби”, кои се во состојба да ги повлечат бродовите и авионите во морето.

Станува збор за 500.000 километри квадратни, измеѓу Мајами, Порторико и Бермудите.

Новинарката на британскиот “Indenpendient”, Рејчел Пелс, пишува дека група метеоролози ја решиле мистеријата на Бермудскиот триаголник и дека не станува збор за вонземјани.

Тие сметаат дека проблемот лежи во облаците кои создаваат т.н. “воздушни бомби”, со ветрови кои ја преминуваат брзината од 280 километри на час, кои се одговорни за стотина несреќи во тоа подрачје.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.