На 08.07.2023 во 01.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат А-3 Прилеп-Ресен, во близина на место викано „Петилеп“, патничко возило удрило во пешакот А.А.(43) од Прилеп и го напуштило местото. По несреќата пешакот А.А. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.