Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп:
Како јавно пртпријатие „Водовод и канализација“ Прилеп сакаме да упатиме благодарност кон граѓаните за разбирањето и трпението во текот на денешниов ден за нарушеното водоснабдување во населбите од високите зони кои беа дел од инвестиционен зафат.
Тимовите на ЈКП„Водовод и канализација“ ги започнаа работните активности во раните утрински часови, истите се одвиваа според предвиденот тек и план на одговорните лица, при што не произлегоа неочекувани дефекти и ситуации во текот на теренската работа и благодарение на нивната професионална ефикасност и ефективност интервенцијата на главниот довод веќе е завршена.
Од овој момент ја пренесуваме информацијата дека водоснабдувањето во населбите Тризла, Марино Маало, Рид, Кузман 3 и Тапани веќе е нормализирано и водата може да се користи за секојдневните потреби.