Екипа од Планинарското здружение “МОМАТА” денеска го посети споменикот “Карпалак” кој се наоѓа на врвот Устрелец на Селечка Планина.
Од страна на екипата беше поставено ново државно знаме, варосан споменикот и освежени буквите кои беа избледени и не се читаа, а со кои се испишани имињата на десеттемина паднати прилепски бранители.
Со oвој потег од ПСД “МОМАТА” им оддадоа почит на паднатите прилепски херои во пресрет на 8-ми август, денот кога нападнати од заседа загинаа на Карпалак во 2001 година. Слава им!