На денот кога се празнува празникот посветен на заштитничката и молитвена застапничка пред Христа – светата преподобна маченичка Параскева (Петка), Прилеп го одбележува и споменот на 10-те паднати бранители на Карпалак – кои на ѕверски начин беа убиени од заседа во конфликтот во 2001 година.
Во храмот Св. Петка во населбата Точила утрово се одржа Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар, а по завршувањето на Литургијата Владиката Петар отслужи и панихида во молитвен спомен на бранителите кои ги положија своите животи кај Карпалак.
Нека е вечен споменот на: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник.
Нека овој настан остане како вечно сеќавање на згаснатите животи и никогаш повеќе да не се повтори!