“ВО ЦЕНТАР”: Од каде била потегната “шарената револуција” во Македонија и од кога датира планот за “Голема Албанија” (ВИДЕО)

Синоќешната емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов откри многу интересни информации и е една од епизодите кои треба да се гледаат со големо внимание.

Гостин во емисијата е поранешниот хрватски Адмирал Давор Домазет – Лошо, човек кој бил творец на воената акција “Олуја” за време на војната во 90-тите години помеѓу Србија и Хрватска, како и човек кој важи за голем познавач на геостратешките состојби на Балканот и светот.

Во емисијата ќе стане збор геостратешките точки на Балканот, за шарените револуции, вклучувајќи ја и таа во Република Македонија, од каде е иницирана и со каква цел беше спроведена.

Во еден дел од емисијата адмиралот зборува и за планот за “Голема Албанија”, кој бил осмислен уште во далечната 1987 година, со намера да започне да се спроведува од 2015 година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.