Во Хрватска парламентот изгласа намалување на бројот на министерства, денеска се гласа за новата Влада

Хрватскиот Парламент синоќа го изгласа законот со кој се овозможува Хрватска да има помала влада па така наместо сегашните 20 ќе има 16 министерства. За новиот закон за устројство и делокруг на работа на телата од државната управа гласаа 85 пратенции, 30 беа против, а 6 воздражани.

Владеачките партии сметаат дека со тој закон владата ќе биде пофункционална и пооперативна и ќе овозможи спроведување на програмата која мандатарот Андреј Пленковиќ ќе ја претстави во четврток.

Саборската опозиција меѓутоа смета дека новата систематизација е од козметичка природа и дека нужно нема да доведе до заштеда и дека се спојуваат неспоиви ресори.

Според новиот закон, вкупно ќе има 16 министерства, значи 4 помалку, останува еднаков број на централни државни агенции, зошто поранешната за спорт се интегрира во Министерството за туризам, а се основа Централната државна агенција за демографија и млади.

Без измени, со работа продолжуваат министерствата за надворешни и внатрешни работи, за одбрана, за финансии, за наука, за регионален развој и фондови на ЕУ, за земјоделство, за море, за хрватски бранители и за здравство.

Истото важи за централните државни агенции за јавни набавки, за обнова и станбено згрижување, за Хрватите надвор од Хрватска како и низа организации, меѓу нив и Хрватската противпожарна заедница, Државниот инспекторат, Државнтата геодетска управа итн.

Нови министерства

Министерството за економија и одржлив развој добива нов делокруг, тоа ќе опфати економија, енергетика, климатски промени и заштита на околината.

Министерството за култура ги добива медиумите, а министерството за туризам покрај досегашните работи ги презема и оние од агенцијата за спорт. Министерството за труд ги презема работите од делокругот на досегашното Министерство за труд и пензиски систем како и оние од сферата на семејство и социјална политика од делокругот на Министерстовтот за демографија и млади и социјална политика.

Се формира и ново тело, Централна државна агенција за демографија и млади која хоризонтално ќе ги следи владините политики во тој сегмент.

Министерството за просторно планирање ги презема и работите од делокругот на досегашното Министерство за државен имот кое престанува да постои.

Се спојуваат министерствата за правосудство и управа, што е делумно последица на рефорските активности на владата и децентрализација на работите на државната управа.

Утре гласање за доверба на владата

Саборот денеска ќе гласа за доверба на новата, 15. влада и втора која ќе ја води актуелниот премиер Андреј Пленковиќ.

Кога станува збор за програмата на владата, Пленковиќ истакнува дека се темели на внатрепартиската програма „Одважно за Хрватска“ и изборната програма на ХДЗ Безбедна Хрватска.

Додадовме и некои детали од програмата на коалициските партнери и се усогласивме околу тоа, рече Пленковиќ во средата, откако во владата се состана со претставниците на Клубот на национални малцинства.
Ова се кандидатите за министери предложени од Пленковиќ

Вицепремиери се Томо Медвед, Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ и Борис Милошевиќ од СДСС, во име на малцинските партии.

Сите добија апсолутна поддршка, им кажа Пленковиќ на новинарите по состанокот на врвот на ХДЗ.
Медвед, Божиновиќ и Мариќ остануваат на своите стари позиции, задржувајќи ги министерствата за бранители, за внатрешни работи и за финансии.

Гордан Грлих Радман останува на чело на Министерството за надворешни работи, Вили Берош за здравство и Олег Бутковиќ за море, сообраќај и инфраструктура, јавуваат хрватските медиуми.

Никола Брњац е новиот министер за туризам и спорт, Наташа Трамишак е шефица на Министерството за регионален развој и фондови на Европската унија, а Радован Фух е нов министер за наука и образование.
Министерството за економија и одржлив развој му е доделено на Томислав Ѓориќ, градежништво, физичко планирање и државна сопственост на Дарко Хорват.

Министер за одбрана во новата влада е Марио Баножиќ, за администрација и правда Иван Маленица, за труд и пензиски систем, семејна и социјална политика Јосип Аладировиќ, за култура и медиуми Нина Обуљен Корџинек, додека со Министерството за земјоделство ќе раководи Марија Вучковиќ.

За довербата на владата Парламентот ќе гласа веднаш по завршувањето на расправата, за доверба се потребни гласови од мнозинството пратеници, значи 76 колку што ХДЗ ги има со партнерите, пратениците од малцинствата, НС Реформистите и ХНС.

Откако парламентот ќе потврди, претседателот и членовите на владата ќе дадат свечена заклетва.

„Се колнам дека ќе ја извршам должноста член на Владата совесно и чесно, ќе го почитувам Уставот, законите и правниот поредок и ќе се залагам за целокупниот напредок на Република Хрватска“, е текстот на заклетвата.

Кандидатот за министер за управа и правосудство Иван Маленица е заразен од коронавирус и во четврток нема да биде во Парламентот, а својата заклетва ќе ја даде подоцна.

Првата седнциа на новата влада ќе се одржи во петок.

Извор: “ЛИДЕР”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.