Во храмот Св. Димитриј во Битола се одржа свечена литургија по повод 40 години архиерејска служба на владиката Петар (Фото)

Денеска во соборниот храм “Св.Великомаченик Димитриј” во Битола, се одржа свечената литургија по повод 40 години архиерејска служба на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

На настанот покрај владиците од останатите епархии, присутен беше и поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, Г.Г. Стефан, кој имаше свое обраќање пред присутните.

Присутни беа и новоизбраните градоначалници на општина Прилеп и општина Битола, Борче Јовчески и Тони Коњановски.

-Денес, имав чест да присуствувам на свечената прослава по повод “40 години архиерејска служба и 75 години од раѓањето на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Заедно со градоначалникот Тони Коњановски од Општина Битола, учествувавме на светата литургија по повод чествувањето на овој празник која се одржа во Соборниот Храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.
Верата е нешто што не одржува и обединува. Таа, преку ваквите настани не сплотува и ја засилува меѓуопштинската соработка.

Му го честитам празникот Митровден на сите кои го слават. За многу години! – напиша Јовчески на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.