27-годишник веќе доби бубрег од 20-годишната Верче чие срце рано изутрина беше трансплантирано кај 22-годишно момче.
Како што соопшти Министерството за здравство, во тек е и втората тpaнсплантациja кај 40-годишен пациент со xpoнична бубрежна болecт кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.
-Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болecти, велат од Здравство.
Момчето кое доби ново срце од 20-годишната Верче е во стабилна состојба.
-Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција, напиша Венко Филипче на Фејсбук.